Инвестиции од 4 милијарди евра во енергетиката

Bez autora
Apr 22 2010

Владата планира инвестиции од 4 до 5 милијарди евра за реконструкција и за изградба на нови енергетски објекти до 2030 година. Ова се предвидува со Стратегијата за развој на енергетиката до 2030 година, што завчера ја усвои Владата. Со овој стратегиски документ се дефинира најпогодниот долгорочен развој на енергетскиот сектор во државата, со цел да се обезбеди сигурно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија. Стратегијата ги опфаќа енергетските, економските, организациските, институционалните, законодавните и образовните димензии на развојот на енергетскиот сектор во делот на производството, преносот, дистрибуцијата и користењето на енергијата. При утврдување на потребите од енергија во Република Македонија анализирани се две сценарија, и тоа: основно сценарио и сценарио на засилени мерки за енергетска ефикасност.

Инвестиции од 4 милијарди евра во енергетикатаВладата планира инвестиции од 4 до 5 милијарди евра за реконструкција и за изградба на нови енергетски објекти до 2030 година.

Ова се предвидува со Стратегијата за развој на енергетиката до 2030 година, што завчера ја усвои Владата.

Со овој стратегиски документ се дефинира најпогодниот долгорочен развој на енергетскиот сектор во државата, со цел да се обезбеди сигурно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија. Стратегијата ги опфаќа енергетските, економските, организациските, институционалните, законодавните и образовните димензии на развојот на енергетскиот сектор во делот на производството, преносот, дистрибуцијата и користењето на енергијата.

При утврдување на потребите од енергија во Република Македонија анализирани се две сценарија, и тоа: основно сценарио и сценарио на засилени мерки за енергетска ефикасност.

Во основното сценарио земени се предвид веќе преземените мерки за енергетска ефикасност, како и обврската до 2015 година цената на електричната енергија да се зголемува до пазарната цена. Според основното сценарио, се предвидува растот на енергијата до 2020 година да биде со просечна стапка од 2,64 отсто.

Во второто сценарио, со засилени мерки за енергетска ефикасност потребите од финална енергија до 2020 година ќе растат со просечна годишна стапка од 2,2 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik